Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го именува генерал-полковник Анатолиј Кривоношко за нов командант на Военото воздухопловство на украинската армија. Во објава на социјалните мрежи, Зеленски истакна дека военото воздухопловство е составено од илјадници професионалци, меѓу кои пилоти, технички тимови, експерти и доброволци, кои секојдневно придонесуваат за одбраната на украинското небо.
„Украина не им дозволи на Русите да доминираат на нашето небо. Тоа е резултат на извонредна работа, херојство и професионализам“, посочи Зеленски.
Тој додаде дека воздухопловството веќе спроведува 20-годишна стратегија за развој и нагласи дека напредокот постигнат во годините на војната е без преседан. Воздушните сили, ракетните системи и радиоинженерските единици остануваат главни столбови на воздушната одбрана на Украина.






