Непознати сторители ограбиле дел од поранешната фабрика „11 Октомври – Еурокомпозит“ во Прилеп, при што однеле поголема количина техничка опрема и метални предмети, информираше денеска ОВР Прилеп.
Кражбата се случила во периодот од 27 јули во 16:30 часот до 31 јули во 14:00 часот, кога со употреба на физичка сила и подесен алат било провалено во канцелариски простории од управната зграда на фабриката, лоцирана на улицата „Александар Македонски“.
Според пријавата, од просториите биле одземени четири електромотори од хидраулична машина со електрични додатоци, кабли, инсталации, делови од различни електронски уреди, два електромотори од фрижидер, како и две торби со повеќе метални предмети.
Полицијата работи на расчистување на случајот и идентификација на сторителите.







