Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека поради градежни активности на вијадуктот Сарачки дол, дел од државниот пат А1 Градско – Прилеп ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 до 6 август.
Станува збор за делницата од раскрсницата кај бензинската пумпа „Лукоил“ до клучката кај бензинската пумпа „Салида“, која претставува обиколница околу Прилеп. Затворањето ќе започне во недела, на 3 август во 07:00 часот и ќе трае до среда, 6 август.
Во овој период, сообраќајот ќе биде пренасочен низ самиот град Прилеп. Од „Македонија пат“ апелираат до граѓаните за внимателно движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.






