На 27.07.2025 година во утринските часови, на регионалниот пат Кичево–село Осломеј, кај село Гарани во кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки излетало надвор од патот. Возачот, С.С.(74) од село Црвивци, починал на самото место од здобиените повреди. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увидна екипа од ОВР Кичево извршила увид и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Ова е уште една трагедија на македонските патишта, каде што сообраќајните несреќи често завршуваат со загуба на животи. Полицијата ја истражува причината за несреќата и апелира на внимателно и одговорно возење.






