Пожарите во Црна Гора беснеат на неколку места додека екстремните горештини и силниот ветер ги комплицираат напорите за гаснење. На Ловќен пожарникарите од Цетиње и Котор по тешка ноќ успеаја да ја стабилизираат ситуацијата, но се подготвуваат за дополнителна воздушна интервенција. Друг пожар избувна во Очиниќи, каде се очекува хеликоптерска поддршка. Во градот Грахово, еден пожарникар е повреден во акцијата, а спасувачките екипи продолжуваат со гаснењето. Институтот за хидрометеорологија предупредува дека топлотниот бран со температури над 40 степени ќе трае уште неколку дена, што дополнително ја загрозува безбедноста.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







