Светот на професионалниот кеч загуби една од своите најголеми икони – Халк Хоган, кој, според информации објавени од Fox News, починал на 71-годишна возраст. Хоган, чиј вистинско име е Тери Џин Болеа, беше еден од највлијателните и најпрепознатливи ликови во историјата на WWE и глобалната кеч сцена.

Неговата кариера се протега преку четири децении, со беспрекорен успех во 1980-тите и 1990-тите години, кога стана симбол на „Hulkamania“ – културен феномен кој го катапултира WWE (поранешно WWF) до светска слава.
Покрај спортската кариера, Хоган се појави и во бројни филмови, ТВ-шоуа и реклами, претворајќи се во мултимедијален симбол на поп културата. Познат по неговата препознатлива жолто-црвена облека, мускулестата фигура и енергичните настапи, тој инспирираше милиони фанови низ светот.
Причината за смртта засега не е официјално потврдена. Фановите, колегите и бројни јавни личности изразија тага и почит преку социјалните мрежи, велејќи дека светот изгуби вистински шампион.
Халк Хоган зад себе остава неизбришлива трага во светот на професионалниот кеч и шоу-бизнисот.







