Во италијанската област Бреша, на обиколницата кај местото Треццано сул Навиљо, се случи трагедија откако мал авион се сруши директно на автопат, при што загинаа две лица. Застрашувачкото видео од несреќата е објавено и покажува моментот на удар и експлозијата на леталото.
Авионот полетал околу пладне од Грањано Требиенсе, но кратко потоа, од засега непознати причини, паднал на автопатот и веднаш се запалил при ударот.
Во авионот се наоѓале двајца патници – познатиот милански адвокат Серхио Равалџи (75) и неговата 60-годишна партнерка Ана Марија Де Стефано. И покрај брзата интервенција на итните служби, немало начин да се спасат.
На видеото се гледа како авионот експлодира веднаш по ударот, а автомобил и комбе што во тој момент се движеле по патот, влегуваат во облак од оган и чад. За среќа, патниците од возилата се извлекле без смртни последици и не се здобиле со сериозни повреди.
На местото на несреќата веднаш пристигнале пожарникари, амбулантни екипи, карабинери и сообраќајна полиција. Пожарот бил изгаснат, а остатоците од леталото биле расчистувани со часови, по што сообраќајот бил повторно воспоставен.
Надлежните власти спроведуваат истрага за да ги утврдат точните причини за падот на авионот.







