Руските воздухопловни власти потврдија дека изгубиле контакт со патнички авион Ан-24 со приближно 50 лица на бордот, јавува Ројтерс, повикувајќи се на извори од Москва.
Според информациите на рускиот портал SHOT, авионот, кој припаѓа на регионалната авиокомпанија Ангара, летал кон градот Тинда во регионот Амур – краен исток на Русија, во близина на кинеската граница. Контактот со леталото бил изгубен само неколку километри пред слетување.
Гувернерот на регионот, Василиј Орлов, на своето официјално Телеграм-профил изјави дека во авионот имало 43 патници, вклучувајќи и пет деца, како и шест членови на екипажот.
„Сите расположиви сили и ресурси се насочени кон потрага по авионот“, напиша Орлов, додавајќи дека моментално се активирани специјализирани спасувачки тимови и дронови во областа на исчезнување.
Сѐ уште нема потврдени информации за можно место на пад или евентуални преживеани. Истрагата е во тек.






