Трагичен настан се случи вчера на плажата Каријанис, во близина на грчкиот град Кавала, каде што животот го загуби 80-годишен македонски државјанин. Според првичните информации, мажот изгубил свест додека бил во морето, по што веднаш биле алармирани присутните капачи и повикана итна медицинска помош.
И покрај обидите за реанимација, смртта била констатирана по пристигнувањето на мажот во Општата болница во Кавала, потврди Крајбрежната служба на Грција. Причините за смртта не се официјално соопштени, но случајот е пријавен кај надлежните служби кои ќе го продолжат увидот.
Ова е втор случај за неполн месец во кој македонски државјани го губат животот на грчките плажи. Кон крајот на минатиот месец, 19-годишен млад човек се удави на плажа во близина на Халкидики.
Надлежните упатуваат апел за внимателност и придржување до безбедносните препораки при пливање, особено кај постари лица и оние со здравствени ризици.







