Трамп тврди: „Ги уништивме иранските нуклеарни постројки – и ќе го сториме повторно, ако треба“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ги уништиле иранските нуклеарни постројки, при тоа повторно упатувајќи остри критики кон американските медиуми и најавувајќи дека вакво дејствие би се повторило доколку се укаже потреба.
Трамп се повика на изјава на иранскиот заменик-министер за надворешни работи Абас Аракчи, кој во понеделникот во интервју за „Фокс њуз“ потврдил дека последниот напад предизвикал „значителна штета“ и дека одредени нуклеарни постројки биле навистина уништени.
„Се разбира дека беа уништени, како што и кажав. И ќе го направиме тоа повторно ако треба! Лажниот CNN треба веднаш да го отпушти својот измислен новинар и да ми се извини – и на мене и на храбрите пилоти што ги уништија иранските постројки. CNN губи гледаност, исто како и MSDNC (алузија на MSNBC)“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.
Меѓутоа, телевизијата CNN претходно, повикувајќи се на проценка на американската одбранбена разузнавачка служба, пренесе дека воздушните напади врз трите ирански објекти не успеале целосно да ја уништат клучната инфраструктура на нуклеарната програма, туку во најдобар случај само привремено ја забавиле за неколку месеци.






