Најавени прекини во снабдувањето со електрична енергија на 22 јули во делови од Скопје
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, врз основа на добиено известување од ЕВН Македонија АД, информира дека на 22 јули 2025 година (вторник) ќе се изведуваат технички зафати на електродистрибутивната мрежа, поради што дел од корисниците ќе останат без електрична енергија во следните периоди:
Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од делови од селото Долно Соње, во општина Сопиште;
Од 09:30 до 11:30 часот, прекин ќе има на улиците Партизански пат, Илија Ристевски и дел од улицата Драчевска, во населбата Драчево, општина Кисела Вода;
Во времето од 09:30 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат селата Дејковец и Добрино, во општина Зелениково.
Од ЕВН апелираат граѓаните да имаат разбирање за најавените прекини и да ги прилагодат своите активности согласно наведените временски интервали.







