Јавното претпријатие за водовод и канализација „Шар“ од Тетово информира дека поради дефект на главниот цевковод Ф500 на подрачјето на Шар Планина, накратко било изгубено приближно 100 литри вода во секунда.
Како што соопштија од претпријатието, екипите реагирале навремено и професионално, при што бил саниран поголемиот дел од дефектот. Во моментот е воспоставено континуирано и стабилно снабдување со питка вода за сите корисници.
„Апелираме до граѓаните за разбирање и соработка додека траат активностите на терен. Нашите екипи се подготвени за навремена интервенција со единствена цел – сигурно, квалитетно и непрекинато водоснабдување“, се вели во соопштението на ЈКП „Шар“.
Од претпријатието упатија благодарност до сите граѓани за трпението и поддршката.






