Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Револуционерни иновации овозможени однајтенките телефони на преклоп на Samsung

by
2025-07-21
in Uncategorized

Скопје, 21 јуни 2025 – Откако Samsung ја создаде категоријата на преклопни телефони (Foldables) со претставувањето на првиот преклопен паметен телефон во 2019 година, компанијата постојано се стреми кон една цел: да понуди уред со голем екран, кој сепак лесно собира во џеб. По години развој и илјадници дизајнерски и инженерски подобрувања, Galaxy фолдабл уредите не само што ја надминаа таа цел, туку поставија нов стандард за мобилни иновации со преклопни екрани.

Galaxy Z Fold7 и Z Flip7 се најтенките, најлесните и најнапредните фолдабл уреди на Samsung досега.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

 

Пропорции што собираат во џеб

 Моделот Galaxy Z Flip7 лесно собира во џеб со дебелина од само 6,5 mm кога е отворен и 13,7 mm кога е затворен. Печатената плочка со ултрависока густина гарантира максимално искористен внатрешен простор, а Samsung ја унапреди и енергетската густина на батеријата, зголемувајќи го капацитетот за 300 mAh, истовремено намалувајќи ја нејзината дебелина.. 

 Моделот Galaxy Z Fold7 е речиси двојно потенок од првиот Fold модел – само 8,9 mm кога е склопен и 4,2 mm кога е отворен. Ова намалување од 48%, во комбинација со поширок и посветол екран и сооднос на страници од 21:9, резултира со уред што е практичен за носење и интуитивен за користење.

 

Поцврсти, потенки шарки

 Galaxy Z Fold7 воведува Armor FlexHinge шарка од трета генерација, која е 27% потенка и 43% полесна од претходната верзија. Главните унапредувања вклучуваат: 

 

• Потенки ротирачки и помошни елементи, што овозможува покомпактна, но подеднакво издржлива шарка.

• Нови легури на метали кои ја зголемуваат границата на попуштање за над 14% што овозможува подобра издржливост при често отворање и затворање. 

• Раздвоени помошни и ротирачки функции за поголема структурна стабилност и флексибилност во дизајнот.

• Крилна плоча што се отвора пошироко, овозможувајќи порамен и почист екран за подобро визуелно доживување. 

 Galaxy Z Flip7 има најтенка FlexHinge шарка досега – за 29% потенка од онаа кај моделот Galaxy Z Flip6, а сепак целосно го поддржува FlexMode режимот и секојдневната употреба. 

 

Потенки, поцврсти екрани

 

Екранот е клучната хардверска иновација на Galaxy Z Fold7, со фокус на зголемена издржливост во полесен и потенок уред:   

 

• Дебелината на екранот е намалена за повеќе од 39% благодарение на новата структура на панелот и напредните материјали.

• Воведена е титаниумска решетка, што нуди 64% поголема издржливост и отпорност.

• Новиот дизајн на слојот на панелот овозможува подобра апсорпција на надворешни влијанија и трајна издржливост.

• Ултратенкото стакло (UTG) е 50% подебело отколку кај Galaxy Z Fold6, што овозможува помалку видлива прегиба и подобри перформанси.

 

Со Galaxy Z Flip7, Samsung го задржува препознатливиот дизајн на Z Flip серијата, но со повеќе моќ во помало пакување: 

 

• Новиот Infinity Cover Display екран од раб до раб го елиминира црниот исечок за повеќе простор за содржина и почист визуелен приказ.

• HID камерата е прецизно поставена во аголот, овозможувајќи симетричен и јасен изглед.

• Рамката околу екранот е намалена од 3,94 mm на 1,25 mm, односно за 68%, правејќи го Galaxy Z Flip7 телефонот со најтенка рамка меѓу склопливите модели.

 

Професионални камери за кристално чисти фотографии

 

Galaxy Z Fold7 нуди врвно искуство со камерата во елегантен и лесен дизајн. 

 

• Првата 200 MP ултраширока камера на склоплив телефон, благодарение на новиот тенок мотор и целосно новиот структурен дизајн.

• Модулот на камерата е намален за 18% и тестиран во речиси 30.000 симулации, што резултира со најтенка 200 MP камера на склоплив уред – без компромиси во квалитетот на сликата.

 

Камерата на Galaxy Z Flip7 има целосно нов дизајн за да понуди врвен квалитет на слика во уште потенко куќиште. За да се постигне тоа, Samsung ја поедностави внатрешната структура на модулот и вгради помал мотор за автофокус со високи перформанси и помало оптоварување. 

 

Поцврсти материјали, полесно чувство    

 

Samsung го зајакна тенкиот профил на Galaxy Z Fold7 со поцврсти и напредни материјали. Покривниот екран сега користи Corning® Gorilla® Glass Ceramic 2, што ја зголемува цврстината на материјалот за 30% во однос на претходната генерација. Дополнително, рамката и поклопецот на шарката се направени од напреден зајакнат алуминиум, кој е за 10% поцврст од оној што се користеше кај Galaxy Z Fold6.

 

Заклучок
Секој елемент – од шарката, преку екранот, до камерата кај Galaxy Z Fold7 и Z Flip7 е внимателно дизајниран со една цел: да им понуди на корисниците елегантен склоплив телефон кој е лесен како било кој премиум паметен телефон.

Добредојдовте во нова ера на моќ што собира во џеб.

Previous Post

Крипто пазарот во првата половина од 2025: Јасна регулатива, стабилни коини и технолошки пресврти

Next Post

Банкарските акции одлучувачки за падот на индексот; Алкалоид трет по промет со скромен раст

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Банкарските акции одлучувачки за падот на индексот; Алкалоид трет по промет со скромен раст

Recommended

Во Пула претставен првиот електричен воз на батерии во Хрватска

Во Пула претставен првиот електричен воз на батерии во Хрватска

4 weeks ago
Османи: Илинден е важен ден за Бугарија

Кој ќе го НЕГИРА И НАВРЕДИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СРЕДЕ СКОПЈЕ, тоа ќе му биде ПОСЛЕДНО ДОАЃАЊЕ – рече Османи во Софија

3 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.