Тринаесетгодишно девојче од Радовиш претепано од таткото и братот – заврши во болница
Тринаесетгодишно девојче од радовишко заврши со телесни повреди откако, според нејзиниот исказ, било физички нападнато од сопствениот татко и брат. Инцидентот се случил на 20 јули, а случајот бил пријавен во 4:25 часот, по интервенција на екипа од Итната медицинска помош во Радовиш.
Лекарите констатирале видливи повреди кај девојчето, кое изјавило дека било претепано од нејзиниот татко И.А. (46) и брат А.А. (21). Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода двете лица.
За случајот бил известен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а со малолетната жртва бил извршен разговор од страна на стручен работник при Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Радовиш.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничените.






