Под влијание на екстремно топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во текот на следната работна седмица во нашата Република Македонија времето ќе биде сончево, екстремно топло и со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува фенски ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината во текот на следната работна седмица времето ќе биде сончево и екстремно топло со појава на мала локална облачност. И во Скопскиот регион повремено ќе засилува фенски ветер од променлив правец. Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на многу места тие ќе надминуваат и 35 степени, додека во Повардарието температурите локално ќе се искачат и над 40 степени, однсоно до околу 42/43 степени.
Во Скопје и околината температурата во текот на следната работна седмица ќе се искачи до околу 42/43 степени.
Ув индексот ќе има екстремно висока вреднот и ќе изнесува 9. Токму поради ова, но и поради екстремно високите температури на возухот, апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.







