Во раните утрински часови денеска (18 јули 2025), околу 03:35 часот, на регионалниот пат Тетово-Желино, кај местото познато како „Требошки надпатник“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода две лица поради сомнение за поседување на дрога.
Станува збор за А.Е. (23) од село Доброште и Д.М. (25) од Норвешка, кои се превезувале во патничко возило марка „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки. При извршен преглед на возилото, полицијата пронашла девет паковки со марихуана.
Двајцата осомничени се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок. Се продолжува со истрагата за да се утврди потеклото и намената на пронајдената дрога.






