Случај на измама е пријавен во СВР Тетово, каде 74-годишен жител на тетовско село на 17 јули пријавил дека пред околу три недели бил измамен од лице кое му ветило помош за добивање на надомест за туѓа нега преку Фондот за здравство.
Според пријавата, измамникот побарал и зел 100 евра како капар, со најава дека ќе следуваат уште 100 евра по завршување на „работата“. Но, оттогаш, ветеното останало само празно зборување – ниту документи, ниту нега, ниту контакт со лицето кое исчезнало без трага и глас.
Полицијата работи на расветлување на случајот и идентификација на сторителот.






