Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева демантите дека Бугарија води дипломатска војна со Србија за преземање на влијанието во Скопје.
Одговарајќи на таквото прашање во денешното интервју за 24 Часа Захариева вели:
„Бугарија не води војна сигурно. Ниту со Република с.Македонија ниту со Србија, ниту со кој било друг дел од светот. Но, не е тајна дека силното влијание на Белград со Скопје секако има тенденција кон српскиот јазик, српскиот бизнис и институции. Овој тренд не запре во последните 30 години и е така разбирливо.
Но, целта на Бугарија не е да ги расипе нивните пријателски односи. Нека бидат пријатели. Ние само сакаме да имаат пријателски однос и со нас. Ајде сите да бидеме пријатели. Да бидеме поврзани, да градиме заедно“., вели Захаруева.
Вицепремиерката вели дека со Република Македонија како да има нешто што не е доречено и завршено во последниве години, иако ова не е само во последниве години.
„Но, фактот дека е толку видлив и секогаш во фокусот на вниманието на јавноста, мислам дека ќе помогне да се реши во крајна сметка. Тоа воспитување на генерации со омраза кон Бугарија и Бугарите е основа на нашиот проблем“, вели министерката Захариева.







