Возилата на иранскиот претседател откажале поради бензин со вода – патувал со такси до Табриз
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан бил принуден да продолжи со патување во такси, откако сите три службени возила што го придружувале застанале поради лош квалитет на гориво, за кое се утврдило дека било измешано со вода. Инцидентот се случил во близина на градот Такестан, во иранската провинција Казвин, објави медиумот „Наср“.
Според информациите, проблемот настанал за време на неофицијалната посета на Пезешкијан на градот Табриз. Три возила — едно во кое бил претседателот и две со неговите телохранители — застанале непосредно по полнење на бензин на една бензинска станица, пред излезот за автопатот кон Рашт.
„По точење гориво, сите три возила откажаа пред да стигнат до Такестан. Со понатамошна проверка беше утврдено дека бензинската станица продавала нерафинерисан бензин измешан со вода. Против истата станица веќе биле пријавени слични прекршоци“, изјави Мостафа Молави, специјален инспектор на претседателот.
Молави додаде дека претседателот не го известил покраинското раководство за инцидентот и не презел дополнителни институционални мерки.







