Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Зеленски и Трамп договараат „мега-договор“ за дронови: Историска пресвртница во воената соработка САД-Украина

by
2025-07-17
in Uncategorized

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека е во тек разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за склучување на голем стратешки договор околу дроновска технологија, кој може суштински да ја смени иднината на војувањето. Според Зеленски, се работи за „мега-споразум“ кој предвидува САД да купи украински борбени дронови, докажани во борбите против Русија, додека Украина би добила напредно американско наоружување.

Во интервју за New York Post, Зеленски изјави дека овој договор би вклучувал и размена на технолошко знаење во сферата на беспилотната војна. „Американскиот народ ја заслужува оваа технологија. Таа мора да биде дел од вашиот арсенал,“ рече украинскиот лидер, нагласувајќи ја ефикасноста на украинските дронови кои веќе извршија напади длабоко на руска територија.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Според него, договорот би бил од взаемна корист: „Ова е win-win ситуација,“ изјави тој.

САД соочени со технолошки заостанок

Американските воени експерти веќе подолго време предупредуваат дека САД заостануваат во развојот на дроновска технологија, особено во одбрана од беспилотни летала. Јунските тестирања на Пентагон во Алјаска покажале сериозни недостатоци – дел од дроновите воопшто не полетале, а други утнале цели.

Зеленски посочува дека Украина има непроценливо искуство во современо војување, стекнато во услови на постојана руска агресија, и дека тоа искуство е подготвена да го сподели со САД и со НАТО-сојузниците, како Данска, Норвешка и Германија.

Дроновите ја редефинираат војната

Војната во Украина ја позиционираше дроновската технологија како клучна компонента на модерното војување. Според украинските податоци, дневно се изведуваат илјадници напади со дронови. Зеленски ја истакна „Операцијата Пајажина“, во која 117 дронови уништиле десетици руски бомбардери на четири различни воени бази, како и нападот во Ижевск, длабоко во Русија, каде е уништено постројка за производство на ПВО-ракети.

Во мај, украински поморски дрон првпат собори руски авион Су-30 над Црното Море – настан што дополнително ја потврди промената на парадигмата во воздухопловното војување.

Пентагон: „Доста беше бирократија“

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, објави дека Пентагон интензивно работи на отстранување на бирократските пречки за развој на домашната дроновска индустрија. Во неодамнешен меморандум тој истакна дека „САД мора веднаш да ја модернизираат и прошируваат производната база за да одговорат на глобалната технолошка трка“.

Во тој контекст, калифорнискиот стартап „Neros“, кој ги тестирал своите дронови во Украина, ќе испорача 6.000 беспилотни летала на украинската армија до крајот на 2025 година.

Со ваквиот договор, Киев и Вашингтон не само што го зајакнуваат своето сојузништво, туку и испраќаат јасна порака до Москва и Пекинг дека иднината на војувањето се префрла во нова, технолошки супериорна фаза.

Previous Post

Прва Скопска: Каја Шукова ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје?

Next Post

Русија пред финансиски колапс: Банки бараат државна помош, граѓаните без основни намирници

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Русија пред финансиски колапс: Банки бараат државна помош, граѓаните без основни намирници

Recommended

Џо Бајден гласно прднал пред војвотката Камила

Најнова вест: Бајден прогласи вонредна состојба поради недостиг од електрична енергија – се заканува крах на целиот систем

4 years ago
Подгответе се за гужви: Посебен режим на сообраќај во Скопје од среда до петок, ова се деталите

Подгответе се за гужви: Посебен режим на сообраќај во Скопје од среда до петок, ова се деталите

8 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.