На 17 јули 2025 година, во 02:51 часот по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Бојмија“ избувнал пожар во кој биле зафатени три патнички возила.
Според информациите од МВР, целосно изгореле автомобил „Хјундаи“ сопственост на 40-годишниот Г.С. од Скопје, возило „Киа“ сопственост на М.П. (36) од Скопје и „Фолксваген Пасат“ со хрватски регистарски таблички, сопственост на В.К. (44) од Скопје.
Екипа на Противпожарната бригада на град Скопје интервенирала и го локализирала пожарот. Повредени лица нема, но причинета е материјална штета.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот.





![ЦЕЛ АРСЕНАЛ: Полицијата изврши претрес во Батинци, погледнете што пронајде [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/473995718_1308532236941904_2377622693071422955_n-424918.png)

