За време на викендот (сабота и недела 19 и 20 јули) во нашата Република Македонија, и тоа под влијание на топол бран од југ, односно од Африка, времето ќе биде сончево и многу топло со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие очекувам да се искачат и до околу 40 степени.
И во Скопје и околината викендот времето ќе биде претежно сончево и многу топло а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Температурата во Скопје и околината викендот ќе се искачи до околу 40 степени.
Ув индексот ќе има висока до многу висока вредност и ќе изнесува 8.







