На 16.07.2025 во 20.30 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.М.(27) од Гостивар. Тој се сомничи дека на 07.07.2025 сторил кривично дело „кражба“ на електричен тротинет, сопственост на 31-годишна жена од Гостивар. Украдениот тротинет бил пронајден и вратен на сопственичката, а А.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







