Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22:43 часот регистрираше земјотрес со епицентар на територијата на соседно Косово, на околу 39 километри североисточно од Скопје.
Земјотресот имал локална магнитуда од 2.6 степени според Рихтеровата скала. Според првичните информации, истиот бил почувствуван во главниот град и околните населени места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (EMS).
Нема пријавени штети. Сеизмолошката опсерваторија продолжува со следење на состојбата.






