Премиерот на Украина, Денис Шмихал, кој ја водеше земјата низ најтешките времиња повеќе од четири години, неочекувано ја напушти функцијата. Ова следува само еден ден откако претседателот Володимир Зеленски го предложи за министер за одбрана во големата реконструкција на владата.
Во објава на Телеграм, Шмихал им се заблагодари на украинските браниоци, претседателот и членовите на владата: „Хвала браниоцима кои држе линију и штите Украјину! Хвала председнику Украјине Володимиру Зеленском на поверењу! Хвала целом тиму на неуморном раду за нашу земљу! Слава Украјини!“, напиша тој, приклучувајќи и фотографија од сопственоручно потпишаната оставка.
Зеленски вчера најави дека за нова премиерка ќе ја предложи Јулија Свириденко, досегашната прва заменичка премиерка и министерка за економија. Тој изјави дека очекува поддршка од парламентот за најавената реконструкција на извршната власт.
Промените во кабинетот долго време се најавуваат како обид за освежување на политичкото раководство на земјата, додека војната со Русија влегува во својата четврта година, а предизвиците во економијата и одбраната остануваат огромни.
Денис Шмихал стана најдолго служечки премиер на Украина од независноста на земјата во 1991 година. На функцијата премиер стапи во март 2020 година, токму во најтешкиот момент на светската пандемија од корона вирусот. Неговиот мандат беше исполнет со исклучителни предизвици — од здравствена криза и економски шокови до руската инвазија и воено време кое сè уште трае. Заради тоа, тој во домашната и меѓународната јавност беше перципиран како политичар на континуитетот и стабилноста.
Кој е всушност Јулија Свириденко? Со 39 години, таа е економист по образование и од 2021 година ја врши функцијата прва заменичка премиерка и министерка за економија. Таа се смета за една од клучните фигури во украинската влада во однос на меѓународните преговори, особено со партнери од Европската Унија и САД.
Во последно време, Свириденко имаше значајна улога во преговорите за договорот за стратешка соработка во секторот за суровини со Соединетите Американски Држави, што дополнително го зацврсти нејзиниот меѓународен профил.
Оваа промена во врвот на украинската влада отвора нови надежи, но и прашања околу иднината на земјата во време на големи предизвици и војна.
Сè што треба да знаете за новата лидерка и што значи ова за Украина, прочитајте во продолжение.







