„Предизвиците со кои изминатата година се соочивме сите, инспирираа милион нови начини за пренесување на пораки за надеж, ведар дух, ентузијазам, заедништво.
Tимот на Тиквеш ја испраќа својата благородна порака, раскажувајќи ја македонската винска приказна во ритамот на љубовта и сплотеноста како дел од предизвикот Јерусалема.
Затоа токму денеска, во духот на големиот празник Св. Трифун, додека се закројуваат лозјата со желби за плодна винска година, се надеваме дека ќе успееме да допреме до вас преку оваа видео приказна и дека ќе ја почувствувате нашата страст и енергија за виното и за животот.
На здравје за подобро утре и просперитет!
На здравје за новиот род и поубав свет!“ – напишаа од Винаријата „Тиквеш“, па го споделија интересното видео каде танцуваат сите вработени, погледнете:
https://www.youtube.com/watch?v=0zSSeRFSmWw

Со чаши вино танцуваа вработените на Тиквеш Винаријата, во интересно видео по познатиот танц на Јусалема.







