Село Љуботен, општина Бутел е оддалечено 15 километри од главниот град. Сепак, нема чиста вода за пиење. Граѓаните одат на сред село да полнат вода. По пет литри вода на рамења носат овие две деца, кои имаат осум и десет години. По часовите од училиште секој ден доаѓаат до оваа чешма, затоа што водата од бунарите не е безбедна за пиење.
„Во недостиг на вода за пиење во домовите жителите на село Љуботен доаѓаат на оваа чешма да полнат вода за пиење“, вели репортерката на ТВ21.
Осман Ибрахими со семејството секојдневно полни по 50 литри за домашна употреба.
„Доаѓаме тука да полниме вода затоа што водата не е чиста во домовите. Тука е чиста и доаѓаме да полниме. Околу 50 литри вода трошиме на ден. Водата ја употребуваме за јадење, чај и са сите потреби. Освен за за туширање ја користиме водата од водовод иако не е чиста“, посочи Осман Ибрахими.
Според Институтот за јавно здравје во земјава 3% од градовите и 23% од руралните средини немаат пристап до чиста вода – се вели во статијата на ТВ21.







