Руските воздухопловни сили соборија четири украински дронови кои се приближувале кон Москва, изјави градоначалникот на главниот град Сергеј Собјанин. Како резултат на заканата, трите главни аеродроми во Москва – Домодедово, Внуково и Жуковски – накратко ги прекинаа летовите, но наскоро ги продолжија операциите, соопшти Росавијација.
Привремен прекин имало и на аеродромот во Калуга, на околу 200 километри југозападно од Москва. Властите не соопштија дали имало материјална штета или повредени.
Руското Министерство за одбрана објави дека само во попладневните часови биле соборени вкупно 48 беспилотни летала: 14 над регионот Брјанск и осум над Белгород, двете области гранични со Украина. Во подоцнежен извештај беше наведено дека дополнителни 26 дронови биле неутрализирани помеѓу 17 и 20 часот, главно над Курск и повторно Брјанск.
Ова претставува едно од најголемите регистрирани воздушни напади со беспилотни летала врз територијата на Русија од почетокот на војната. Министерството тврди дека сите дронови биле успешно соборени, спречувајќи поголеми последици. Украинските власти не ја коментираа операцијата.







