Палачинките се омилен десерт на кој неможат да одолеат ни децата, а ни возрасните. Но, што мислите за една здрава и многу брза варијанта на палачинки?
Потребни состојки:
1 зрела банана
1 чаша млеко или јогурт (може кравјо, но може и бадемово или кокосово)
2 чаши овесни снегулки (поубаво е да бидат мелени, можете да ги иситните во блендер)
1 јајце
1/2 лажичка сода бикарбона или малку пециво
1 супена лажица кокосово масло или маслиново
Ванила вкус (по желба)

Во блендер избленирајте ја бананата, млекото и овесните снегулки. Потоа додадете го јајцето и сода бикарбоната и повторно блендирајте. Ако се одлучите за ванилата и медот ставете ги, па продолжете со блендирање уште неколку секунди. На тавче што не лепи ставете од кокосовото масло и убаво загрејте го, па потоа испржете ги палачинките на стандарден начин.
За побрзо можете да ги правите и на тостер.
Послужете ги со домашен џем од малини и јагоди или со чоколаден путер од бадеми во комбинација со свежо сезонско овошје.
На здравје!!!







